Category Archive Вести

Потврдување на годишна даночна пријава за остварени приходи во 2018 година (2019)

Оваа брошура треба да ве упати како да се регистрирате на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk заради потврдување или коригирање на пополнетата годишна даночна пријава изготвена од страна на Управата за јавни приходи, за приходите кои како граѓанин (физичко лице – резидент на РМ) сте ги оствариле во текот на 2018 година

Регистрација на физички лица во системот Е-ПДД

12.09.2018
ГРАЃАНИ – НАВРЕМЕ РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ НА СИСТЕМОТ Е-ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК E-PDD.UJP.GOV.MK

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.80/93…190/2017), предвидено е Управата за јавни приходи од 1 јануари 2019 година да изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година преку системот e-pdd.ujp.gov.mk

За да може УЈП да ја достави пополнетата Годишна даночна пријава на увид на граѓаните преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, како и за да можат граѓаните да ја исполнат својата законска обврска – да ја потврдат точноста или да ги коригираат податоците од пополнетата Годишна даночна пријава преку системот e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до 31 мај 2019 година, потребно е навреме да се регистрираат на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk

Обврска за регистрација во системот е-Персонален данок има секое физичко лице кое во текот на 2018 година остварило приходи по било кој основ (плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход), заради прием на пополнетета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок.
Истовремено, преку исполнување на оваа обврска граѓаните ќе имаат можност преку системот e-pdd.ujp.gov.mk да проверат дали приходите кои ги оствариле се соодветни во однос на искажаните од исплатувачите, а со цел да се спречи евентуална злоупотреба во врска со нивните лични податоци и примања.

Регистрирајте се на e-pdd.ujp.gov.mk во неколку чекори!

• Единствен услов за регистрација на системот е да имате валидна е-пошта, која ќе биде корисничко име (user name) за ваша најава на системот e-pdd.ujp.gov.mk и ќе ви служи за комуникација со Управата за јавни приходи.
• На најавната страна на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk има дел за регистрација на нов корисник на системот. Со влегување во овој дел од системот, ќе се отвори мени во кое треба задолжително да ги внесете своите идентификациони податоци.
• Со првата регистрација на системот може да пријавите и свој полномошник кој ќе го ополномоштите за: поднесување на електронска пресметка преку системот е-Персонален данок и/или за потврдување и корекција на пополнетата Годишна даночна пријава. НАПОМЕНА: Полномошникот може да биде само лице кое е веќе регистриран корисник на системот e-pdd.ujp.gov.mk
• Врз основа на внесените податоци, автоматски се генерира вашето Барање за регистрација на системот е-Персонален данок, кое треба да го испечатите и да го поднесете во надлежната даночна канцеларија на УЈП, при што треба да дојдете лично вие и да приложите документ за идентификација или пак да дојде лично вашиот полномошник и да приложи документ за негова идентификација и полномошно заверено на нотар. Службено лице од УЈП ќе ја верифицира вашата регистрација на системот е-Персонален данок. НАПОМЕНА: Оваа постапка ја спроведувате само еднаш при регистрацијата на системот е-Персонален данок, а е неопходна заради верификација на валидноста на креираниот профил и заштита на доверливоста на вашите лични податоци.
• Ако вие или избраниот полномошник не сте евидентирани како даночен обврзник во Регистарот на даночни обврзници на УЈП, потребно е претходно да се регистрирате како даночен обврзник, со поднесувањена Пријава за регистрација УЈП-РДО и доставување на документ за идентификација на увид во даночна канцеларија на УЈП.

НАПОМЕНА: Граѓаните (физички лица) кои се веќе регистрирани на системот е- Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk не треба да се регистрираат на системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk

Имајќи предвид дека на системот е-Персонален данок до сега се регистрирани 13 илјади граѓани, а се очекува до крајот на оваа година да се регистрираат над 400 илјади граѓани, апелираме граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на e-pdd.ujp.gov.mk, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата Годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП.

Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2019 година, пополнетата ПДД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ

23.08.2018
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА РАСТ НА ПЛАТИ ВО ПОВИСОК ИЗНОС ОД МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Законски основ
Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за минимална плата во Република Македонија, имаат право на финансиска поддршка за исплата на плати во повисок износ од минимална плата за период од месец јули 2018 до месец декември 2019 година.

Износ на финансиска поддршка
Финансиската поддршка се обезбедува за работодавач кој во претходната година имал трошоци за вработените (плати, надоместоци, даноци за платите и надоместоците и придонеси од задолжително социјално осигурување) во износ повисок од 50% од вкупните расходи, според податоците од завршната сметка доставена во Централниот регистар на Република Македонија, освен работодавач од јавен сектор и работодавач кој врши дејност од јавен интерес.
Финансиската поддршка по работник изнесува 30% од разликата помеѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во месеците октомври, ноември и декември 2017 година, а најмногу до 1.200 денари по работник месечно. За бруто плата се смета пресметаната бруто основица од Месечната пресметка за интегрирана наплата.

Начин на пресметка на просечна бруто плата на работникот исплатена во октомври, ноември и декември 2017
Пресметката на просечниот износ на бруто плата во октомври, ноември и декември 2017 заклучно со 31.12.2019 година, се врши за лицата кои биле во работен однос кај работодавачот во сите три месеци, како и за месецот за кој се бара финансиска поддршка. Висината на платата на работникот кој работи со скратено работно време или остварува помалку или повеќе работни часови од полното работно време, се пресметува сразмерно на бројот на остварените работни часови.

Барање за финансиска поддршка
Барањето за обезбедување на финансиската поддршка работодавачите го изразуваат преку пополнување на шифра во пресметките за плата за вработеното лице за кое бараат финансиска поддршка.
За барање за користење на финансиска поддршка, внесете ја шифрата 402 во полето 3.23 од клиентскиот софтвер (преземи нова верзија http://ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).

Услови за обезбедување на финансиска поддршка
Работодавачот за обезбедување на финансиската поддршка треба да ги исполнува следните услови:
-работодавачот во месеците октомври, ноември и декември 2017 година на работникот да му исплатил просечна бруто плата до 26.250 денари;
– работодавачот да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход за вработеното лице за кое бара финансиска поддршка;
– работодавачот да има статус на активен обврзник, односно да не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење согласно член 477, 477-а , 552-а и 552-б од Законот за трговските друштва и
– работодавачот да ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската поддршка.

Известување на работодавачот за правото на финансиска поддршка
Во Декларацијата за прием, работодавачот кој за вработеното лице ги исполнува условите од членот 5-а од законот и условите од член 5-б став (1) алинеја 1, 2 и 3 од законот, ќе се генерира известување дека се исполнети условите од законот, за обезбедување на финансиска поддршка. По истекот на месецот за кој се обезбедува финансиска поддршка, ќе се провери дали работодавачот ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската поддршка. Доколку и овој услов е исполнет, на работодавачот ќе му се исплати финансиската поддршка.
Доколку работодавачот не ги исполни условите од законот, во Декларацијата за прием ќе се генерира предупредување со порака кој услов од законот работодавачот не го исполнува. Декларацијата за прием нема да биде одбиена поради предупредувањето, туку истото служи за информирање на работодавачот дека нема да следи исплата на финансиска поддршка.

Исплатата на финансиската поддршка
Финансиската поддршка се остварува по исплата на платата за месецот за кој се обезбедува финансиската поддршка. Исплатата на финансиската поддршка се врши преку Министерството за труд и социјална политика.

Обврски на работодавачот – корисник на финансиска поддршка
Работодавачот кој ќе добие финансиска поддршка е должен да го задржи на работа работникот за кој добива поддршка минимум една година по завршувањето на поддршката. Во спротивно работодавачот е должен да го врати износот на добиената финансиска поддршка, во рок од 30 дена од денот на одјавување на работникот за кој добивал поддршка, освен во случај на остварување на право на пензија, престанок на работниот однос по вина или волја на работникот или смрт на работникот.
НАПОМЕНА: Сите работодавачи кои ја исплатиле платата за месец 07/2018 година, а не побарале обезбедување на финансиска поддршка истото може да го сторат со поднесување на исправка (103) само за вработените лица за кои бараат обезбедување на финансиска поддршка. Барање за финансиска поддршка може да се поднесе само од работодавачи – правно лице или самостоен вршител на дејност, во конечна пресметка или во исправка на пресметката, односно не се опфатени аконтативни пресметки.

15 Март последен рок за поднесување ППД-ГДП

Известување од УЈП:

Со цел избегнување на метежите на даночните шалтери, особено во Скопје, потсетуваме дека граѓаните можат да ги поднесат пријавите и во дополнителните пунктови кои УЈП ги отвори за прием на Годишните даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром (за повеќе информации види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/629) или да ги поднесат преку Мобилните даночни шалтери кои ќе гравитираат во повеќе населени места и општини во Скопје и низ Македонија (види возен ред http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/363).

Повеќе …

Тарифник за Сметководствени Услуги

Министерството за финансии уште еднаш укажува дека Предлог-правилникот за утврдување основни критериуми при утврдување минимални трошоци за вршење книговодствени работи, кој е објавен на веб-страницата на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, е незаконски и затоа не треба да се применува.

Повеќе …