ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ПОРАДИ COVID-19, ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ПОРАДИ COVID-19, ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА

УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА СО МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

Мерки на влада

Со оваа уредба со законска сила, се уредуваат условите, начинот и постапката на
финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-
економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите на
работниците за месеците април и мај 2020 година.

За користење на финансиската поддршка, работодавачот-барател на финансиска
поддршка треба да ги исполни следните услови:

  1. Намалувањето на вкупните приходи на работодавачот-барател на финансиска
    поддршка во месец април 2020 година или во месец мај 2020 година да изнесува повеќе од
    30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени во 2019 година, а за
    работодавач-барател на финансиска поддршка кој е запишан во соодветен регистар
    (основан) после месец март 2019 година, вкупните приходи за месец април 2020 година
    или месец мај 2020 година да се помали за најмалку 30% во однос на месечниот просек на
    вкупните приходи остварени од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019
    година и месеците јануари и февруари 2020 година. За работодавачот-барател на
    финансиска поддршка кој врши дејност од сезонски карактер, намалувањето на
    просечните приходи за последниот сезонски период од 4 месеци споредено со просечните
    приходи за сезонскиот период од истите 4 месеци во претходната година да изнесува
    повеќе од 30%,
  2. Работодавачот-барател на финансиска поддршка да не исплатува дивиденда на
    сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна
    успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и
    органите на управување и надзор на работодавачот-барател на финансиска поддршка, од
    денот на влегувањето во сила на оваа уредба, до денот исплатата на платата за месец мај
    2020 година и
  3. Најмногу 10% од вкупниот број на вработени кај работодавачот – барател на
    финансиска поддршка да имаат поединечна месечна нето плата над 120.000 денари
    месечно по вработен, за месецот за кој се бара финансиска поддршка.
    Работодавачот-барател на финансиска поддршка кој на повеќе од 10% од вкупниот број
    вработени им исплатува поединечна нето плата повисока од 120.000 денари за месецот за
    кој се бара финансиска поддршка не ги исполнува условите од оваа точка.

Работодавач-барател на финансиска поддршка не може да користи финансиска
поддршка за работник доколку:

  1. Работникот за периодот декември 2019 година, јануари 2020 година и февруари 2020
    година, остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно, сразмерно
    на часовите на пријавено работно време.
  2. Користи субвенционирање согласно со Уредбата со Законска сила за
    субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално
    осигурување за време на вонредна состојба,
  3. Користи ослободување од плаќање на данокот на личен доход и придонеси од
    задолжително социјално осигурување, согласно со Законот за вработувањето и
    осигурување во случај на невработеност и
  4. Работодавач за работник со дополнителна работа, согласно членот 121 од Законот за
    работните односи.

Финансиска поддршка за исплата на платите не може да користи:

  • Сопственик/основач на работодавачот-барател на финансиска поддршка, управител,
    прокурист, односно застапник по закон и членовите на органите на управување и надзор
    на работодавачот-барател на финансиска поддршка,
  • Орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со
    Уставот на Република Македонија и со закон, институција која врши дејност од
    областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и
    заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон,
    а организирани како агенции, фондови, јавни установи, јавни претпријатија и трговски
    друштва основани од Република Македонија, општините, градот Скопје и
    општините во градот Скопје и
  • Приватна агенција за вработување за работник кој е отстапен кај работодавач од став
    (2) алинеја 2 на овој член.

Работодавачот кој го искористил правото на финансиска поддршка за исплата на
плати, има обврска примените финансиски средства да ги врати во Буџетот на Република
Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од остварениот финансиски резултат
за 2020 година зголемен за износот на оданочивите расходи и помалку искажаните
приходи во Даночниот биланс за обврзниците на данокот на добивка; за обврзниците на
годишниот данок на вкупен приход, најмногу до износот од 50% од финансискиот
резултат пред оданочување искажан во Билансот на успех за 2020 година, односно за
вршителите на дејност, најмногу до износот од 50% од износот на искажаниот
финансиски резултат пред оданочување во Билансот на приходи и расходи (образец Б) за
2020 година, зголемен за непризнаените расходи за даночни цели од годишниот Даночен
биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност.
Враќањето на износот ќе се изврши на три месечни рати, без камата, во месеците април,                                                                                мај и јуни 2021 година.

About the author

Datakont administrator