Услуги

Сметководствени услуги

Ангажирање на професионално книговодствено биро е една од најдобрите одлуки што една компанија може да ја донесе, и претставува основен предуслов за успешно финансиско работење.

Сметководствената дејност е исклучително комплексна и бара експертиза и знаење од широк спектар на активности кои се неопходни за правилно водење на сметководствените и книговодствените процеси, со цел задоволување на законски пропишаните стандарди.

ДАТАКОНТ ДООЕЛ Скопје, е лиценцирано книговодствено биро кое ги задоволува предвидените меѓународни стандарди за финансиско известување МСФИ, со искуство во сметководствената дејност од 25 години.

Сметководствените услуги кои ги нудиме се потврдени со склучен договор за сметководствени услуги со претходно транспарентно договорени цени на услугите.

Нашата експертиза се однесува на повеќе различни дејности кои ги вршат нашите клиенти:

Сметководствени услуги

  • Услужни дејности
  • ИТ компании
  • Градежни фирми
  • Производство
  • Трговија на мало
  • Трговија на големо
  • Увоз / Извоз

Принципот на работа подразбира организирање водење на комплетно сметководство за клиентите и вклучува: преземање на комплетната сметководствена документација, класирање, книговодствена обработка, пресметка на плати, поднесување на редовни извештаи до менаџментот, креирање и поднесување на даночни пријави, составување и поднесување на годишна сметка. Покрај главните книговодствени активности, како дел од услугите влегуваат и помошните активности: пријава и одјава на работници, застапување на друштвото пред државните агенции, сметководствен и даночен консалтинг итн.

книговодствено биро

Навременото преземање и обработка на сметководствената документација е основен предуслов за елиминирање на грешките и навременото информирање. Преземањето на документите се врши еднаш или два пати во месецот во зависност од обемот на работа со претходно подготвен записник. Преземањето на документите го вршиме од просториите на клиентот без надомест.


ОСНОВЕН

ПРОШИРЕН

КОМПЛЕТЕН

Финансиско книговодство

  • Книжење влезни фактури
  • Излезни фактури
  • Девизни фактури
  • Денарски изводи
  • Девизни изводи
  • Пресметка на Амортизација
  • Книжење на банкарски картички
  • Изготвување на документ за Асигнација, Цесија, и Компензација

Материјално книговодство

  • Изработка на Приемни листови во трговија
  • Материјална евиденција на артикли
  • Извештаи од материјално работење

Пресметка на плата

  • Книжење на плата

Подготовка на даночни пријави

  • Пресметка и поднесување на ДДВ пријава
  • Пресметка и поднесување на пријава за Данок на добивка и Данок на вкупен приход
  • Аконтации за данок на добивка

Систем на Е-ППД

  • Електронско поднесување на персонален данок

Благајна

  • Евиденција на Патни налози

Правни и Економско советување

  • Одлуки и останати интерни документи кои повлекуваат книжење
  • Авторски договор
  • Изјава за престанок на рааботен однос
  • Договор на дело
  • Решение за годишен одмор

ЦЕНА: КАЛКУЛАТОР

Основен пакет +

Пријава и одјава на вработени

Застапување на фирмата пред владини институции

  • Извештаи кон институции
  • НБРМ, ВС11, ВС22, НД-1, НД-2, НД3, НП-1, НП-2, НП-3 и сл.
  • Извештаи до статистика

ЦЕНА: ОСНОВЕН ПАКЕТ + 20%

Проширен +

Целосна бизнис поддршка

Подигање на сметководствена документација од Вашите простории

Изработка на завршна сметка

ЦЕНА: ПРОШИРЕН ПАКЕТ + 20%